Штипските судии од денеска судат само итни и предмети за кои постои опасност од застарување

Штипскиот Основен суд донесе одлука  закажаните судски рочишта да се откажат од денеска до 24 март. Во соопштението кое е поставено на вратата на Основниот суд во Штип стои дека на одржаната седница на судии на Основен суд –Штип на 13 март донесен е едногласен заклучок за одложување на рочиштата кои се закажани во периодот од 16, па се заклучно до 24 март.

-Со исклучок на рочишта по предметите, кои во смисла на член 72 од Законот за судовите се сметаат за итни, како и за оние за кои постои опасност од застарување на постапката, се вели во соопштението на Основен суд-Штип.

Во соопштението се наведува дека судиите ќе ги известат странките за одлагањето на предметите, а исто така ќе има и писмени соопштенија истакнати на видни места на влезот и излезот од судската зграда. Меѓу одлуките е и во просториите на штипскиот Основен суд да се влегува само со уредна покана и претходна најава и итна и оправдана потреба. Контралата и легитимирањето го вршат припадниците на судската полиција, а во соопштението се наведува дека хигиеничарките со средства за дезинфекција треба да го вршат чистењето, а вработените да ја одржуваат хигиената со особено внимание. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега