Лидерска средба закажана за утре во 12 во Кабинетот на претседателот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре во 12 часот „Вила Водно“ ќе се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата, кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

Како што соопштија од Кабинетот на шефот на државата, на лидерската средба е најавено присуство на претседателите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и на ДПА, Мендух Тачи.

На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега