Известување на МТСП за корисниците на правото за надоместоци за помош и нега од друго лице и за попреченост

 

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека за лицата кои имаат или ќе поднесат ново барање за надомест за помош и нега од друго лице и надомест за попреченост, комисиите ќе даваат конзилијарно мислење со наод, само врз основа на медицинска документација без непосреден преглед на странките.

Одлуката е согласно со владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот и во согласност со член 10 став 2 од Правилникот за начинот за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице и член 46 став 4 од Законот за социјална заштита.

-Членовите на семејствата ќе имаат обврска да ја доставуваат потребната документација на закажаниот термин во надлежната комисија која е пропишана за наведените права, информира МТСП.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега