Пендаровски: Нема потреба од прогласување кризна состојба - кризата нема да си замине за недела или две

Претседателот Стево Пендаровски рече дека нема потреба од прогласување на кризна состојба. Според него, кризата со коронавирусот ќе трае и нема да заврши за недела или две.

-Кризата не е тука за да замине за недела или две, ние мораме ресурсите кои ги имаме и кои знате не се толку издашни да ги димензионираме според реалните потреби и реалните ризици, рече Пендаровски.

Упати апел до граѓаните стрикно да се почитуваат мерките кои се воведени од страна на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Нашите државјани без потреба да не патуваат надвор особено во земји кои се високо или средноризични од овој аспект и би сакал да упатам апел, не можеме повеќе од тоа, до нашите државјани кои работат во другите европски држави и другите држави во светот, а над 150 се зафатени од овој вирус без голема потреба да не се враќаат во својата земја, рече Пендаровски, појаснувајќи дека тие имаат право да го сторат тоа, но секој трансфер преку границите може да ги донесе во ситуација да бидат во контакт со заразено лице.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега