Спасовски се сретна со поглаварите на верските заедници: Силна поддршка за справувањето со Ковид-19

Претседателот на Владата Оливер Спасовски, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглавари на верските заедници во земјава, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на Католичката црква, бискупот скопски и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, на Евангелско – методистичката црква, претседателот на Црковното претставништво, Емил Заев.

На средбата, што соопшти владината прес-служба,биле поздравени мерките и чекорите што ги презема Владата во справувањето со Корона вирусот, во насока на ефикасна заштита на здравјето на граѓаните.

Изразена е благодарност до премиерот Спасовски за отвореноста за соработка и е изразена силна поддршка да биде направено сè што е возможно од сите страни, за справувањето со ситуацијата.

-Премиерот Спасовски ги информираше поглаварите за сите важни информации околу мерките што ги презема Владата за заштитата на здравјето на сите граѓани, како врвен приоритет. Поглаварите информираа за мерките што тие ги преземаат за поголема заштита на верниците. Разгледани се можности за максимална заштита на верниците. Заеднички е ставот дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и дека сите во државата, вклучително и верските заедници и верниците, треба да бидат на ниво на одговорноста со цел да се придонесе за спречување на можно ширење на болеста и непосакуваните последици, се вели во соопштението од Влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега