Димитров: Граѓаните да не ја напуштаат Македонија, Македонците кои се во странство да не се враќаат дома

Министерот за надворешни работи Никола Димитров со апел до македонските граѓани да не патуваат!

-Ве молам немојте да патувате! Македонски граѓанин кој утре ќе реши да оди некаде, неизвесно е кога ќе се врати, рече тој.

Апелираше и македонските граѓани кои живеат во странство, во овој кризен период да не се упатуваат во татковината.  Порача да ги следат упатствата на тамошните Влади.

Потврди дека деновиве имало наши сограѓаните заглавени на аеродромите, а една група од 200 македонски граѓани со комуникација со Романија и Бугарија биле извлечени и утре би требало да се вратат дома. Но, министерот вели дека не можат да влијаат врз одлуките на другите земји и нивните одлуки на граничните премини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега