Филипче: Хроничната терапија ќе ја продолжува и издава матичниот лекар и за повеќе од шест месеци
Хроничната терапија ќе може да ја продолжува матичниот лекар и ќе ја издава и за период повеќе од шест месеци, здравствените установи од дејноста на специјалистичко-консултативната здравствена заштита и општа стоматологија пружаат здравствени услуги само за итни случаи со оглед на методологијата, техниката на работа и опасноста од ширење на болеста заради тоа што се работи со болести на устата, а издавањето и заверката на ортопедските помагала ќе ја вршат матичните лекари, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.
Тој појасни дека тоа се одлуки на Фондот за здравствено осигурување кои се однесуваат на измена на нивниот правилник.
– Значи пациентите нема да треба да одат во подрачните единици на Фондот, туку по автоматизам тоа ќе го направат со директен контакт со матичните лекари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа