На територијата на СВР Охрид и Куманово се почитуваат мерките на Владата

Не се констатирани неправилности кај угостителските објекти и обложувалниците и казината во Струга, Кичево и Куманово, информира Министерството за внатрешни работи.

-Во текот на попладневните часови полициски службеници на Секторите за внатрешни работи во Охрид и Куманово во соработка со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциски контроли за почитување на одлуката на Владата која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците. Полициските службеници од СВР Куманово, на територија на општина Куманово спроведоа контроли во 40 угостителски објекти, полициски службеници од СВР Охрид на територија на општина Струга спроведоа контроли во вкупно 23 угостителски објекти, 5 казина и 4 спортски обложувалници и на територија на општина Кичево спроведоа контроли на 60 угостителски објекти, 8 казина и 12 обложувалници. Кај ниту еден од контролираните објекти не е констатирано отстапување при спроведување на одлуката на Владата, велат од МВР.

Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат одлуките и препораките донесени од страна на Владата, а сите отстапки поврзани со оваа и останатите одлуки на Владата, а кои повлекуваат кривична одговорност да ги пријавуваат на телефонскиот број 192.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега