Наутро студено, но попладне сонце- какво време не очекува до крајот на неделава
Времето во земјава ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 6 до нула, а дневната од 9 до 17 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 2, а дневната ќе достигне до 16 степени.
До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура. Во среда ќе дува умерен северен ветер.
17.03.2020 - 07:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа