Пендаровски: Доколку не е итно, одложете ги сите патувања надвор од земјава

Претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил апелираше граѓаните дане патуаат надвор од земјата доколку немаат итна потреба за тоа.

„Коронавирусот e раширен во повеќе од 150 земји. Секој трансфер на макар и еден човек придонесува кон забрзано ширење на вирусот. Апелирам до нашите граѓани да не патуваат надвор од државата без итна потреба. Истовремено упатувам апел и до македонските државјани коишто работат и живеат во странство, да го одложат патувањето во земјава, освен ако не е крајно неопходно“ напиша Пендаровски на фејсбук.

Слична објава имаше и техничкиот премиер Оливер Спасовски кој потенцираше дека доколку грашаните не ги почитуваат препораките може да останат заглавени некаде на граница.

-Секоја држава во регионот и во Европа има свои мерки за заштита и имаме проблем граѓаните да не можат да ги поминуваат границите или да остануваат некаде заглавени на граничните премини, истакнува Сапасовски во пораката.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега