Шпанскиот Сенат денеска ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Сенатот на Шпанија денеска во 13:00 часот ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Седницата ќе се одржи со видеолинк, а сенаторите ќе гласаат без физички да бидат присутни во Сенатот, поради состојбата со коронавирусот, со оглед на тоа што Шпанија е во категоријата на високоризични држави

На седницата физички ќе присуствува претседателот на Сенатот Пилар Лоп и уште неколкумина, а сенаторите ќе гласаат преку видеолинк.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера денеска во Владата заеднички ќе го проследат гласањето.

По ратификацијата следува прес-конференција на Димитров и Лоренце Сера.

Протоколот, на 27 февруари доби зелено светло од Долниот дом на шпанскиот Парламент. Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која сè уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се одолжи поради изборите и формирањето на Владата. Протоколот кај нас, пак, беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега