Состојбата со коронавируст во земјата до 12 часот- Вкупно 26 заболени

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот изнесува 26 лица. Утрово се тестирани 10 пациенти.

Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат.

Оттаму наведуваат дека состојбата на сите пациенти е стабилна.

Состојбата со коронавируст во земјата до 12.00 часот- Вкупно 26 заболени
Министерот за здравство, утрово, одржа состанок со Комисијата за заразни болести и присуствуваше на кризниот штаб на Владата.

Повеќе информации ќе следуваат на прес конференцијата на министерот за здравство, Венко Филипче закажана за 14:00 часот во Влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега