200 македонски граѓани стигнуваат на ГП „Деве Баир“- Димитров вели дека сѐ е подготвено за да се пречекаат

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека се е подготвено за да се пречекаат околу 200 македонски државјани на македонско-бугарскиот граничен премин Деве Баир.

Во линковско вклучување за телевизија „24Вести“, Димитров истакна дека тие ќе бидат прифатени на начин кој ќе биде најдобар и за нивната безбедност и за здравјето на целата нација.

– Полицијата е подготвена и во координација со медицински екипи од Министертсвото за здравство ги чекаме луѓето кои во скоро време је пристигнат. Ќе бидат прифатени на начин кој ќе биде најдобар и за нивната безбедност и за здравјето на целата нација, рече Димитров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега