Судскиот совет со препораки за судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

 

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за постапување на судовите во државата во услови на зголемена опасност од вирусот Ковид 19.

-Претседателот на судот и судиите менаџирањето со судските предмети да го усогласат со мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи. Должни се да ги преземат сите мерки на претпазливост, како би се намалил ризикот од инфекција со вирусот  Ковид 19 на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката. За таа цел, пред влегувањето во судот на странките и другите учесници во постапката се должни да ги поминат сите безбедносни здравствени мерки, се наведува во одлуката донесена од Судскиот совет.

Оттаму препорачуваат да се контролира влегувањето во судот за да не би се создала гужва пред шалтерите, а со тоа и можност од инфекција.

-Пред и по завршувањето на расправите да се изврши дезинфекција на судниците и другите простории во судот. Преку соопштенија да им се укаже на странките поднесоците до судот да ги доставуваат електронски, доколку имаат технички услови за тоа. Уверенијата и другите судски акти до странките и надлежните  органи да ги доставуваат електорнски, се посочува во одлуката од СС.

Од Судскиот совет информираат дека во судовите се извршуваат следните нужни работи:

-Судења во кривични предмети кога обвинетиот или дел од обвинетите се во притвор, домашен притвор или према кои е изречена некоја друга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката

-Кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во Република Северна Македонија, а се затекнати во државата,

-Кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривично гонење,

-Кривични предмети за кривичните дела:„Пренесување заразна болест“ – по член 205 од КЗ „Непостапување  според здравствени прописи за време на епидемија“ – по член 206 од КЗ „Неукажување медицинск апомош“ – по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ – по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“ – по член 383 од КЗ, „Организирање отпор“ – по член 387 од КЗ,

-Прекршочни предмети од итна природа,

-Предмети за примена на времени мерки,

-Предмети по кои постапката е во фаза на донесување на одлука,

-Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок,

-Предмети кои по сила на законот се итни

-Прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови, велат од Судскиот совет.

Оттаму посочуваат закажаните расправи по предметите кои не се итни се одржуваат до колку се исполнети законските услови и до колку претседателот на судот  и судиите проценат дека не се во висок ризик по здравјето на судите, судската служба, странките и другите учесници во постпаката.

Апелационите судови да постапуваат по жалби по горенаведните предмети и по предмети по кои одлучуваат на нејавна седница.

Врховниот суд на Република Северна Македонија да одлучува по горенаведените предмети во рамките на својата надлежност и по предметите по кои одлучува на нејавна седница.

Управниот суд да постапува по управни спорови против управни акти кои се итни и по кои се одлучува без одржување на расправи.

Вишиот управен суд и судиите да ја разгледаат можноста за извршување на определени работи од дома (проучување на предметите и доаѓање  во судот во деновите за судење, пишување на одлуките при што се користи информатичко компјутерска технологија).

Одлуката, како што нагласуваат од Судскиот совет, влегува во сила  од денот на нејзиното донесување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега