Вечерва пристигнуваат 5000 обрасци за пасоши, а до петок уште 40.000

До вечер ќе пристигнат 5000 обрасци за пасоши, а до петок се очекува да пристигнат 40.000, неофицијално дознава „Press24“.

До 24 март ќе пристигне и останатиот дел од целета нарачка од вкупно 100.000 обрасци за патни исправи.

На 6 декевмри 2019 во информација доставена до министерот за внатрешни работи од страна на помошникот министер се укажува дека на залиха имало 88.100 пасоши.

Чулев обвини дека нестручното работење на Спасовски доведе до ваква состојба.

-Кога дојдов како министер службите не информираа дека имаме сериозен недостиг на лични докумнети вклучително и пасоши и во информација само еден месец подоцна на 8 јануари 2020 година службите ме информираа дека имаме само 27 580 пасоши, или околу 50.000 помалку, рече Чулев

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега