Филипче: Тројца нови заболени - епидемијата е во силен ек, ќе се зголемува бројот на заразени

Тројцата ново заболени пациенти се од Скопје, еден кој имал симптоми една недела, а неговите контакти се мапирани и сега се изработуваат тестовите на членовите на семејството на овој пациент, останатите двајца се сопружници кои што престојувале во странство, ова денеска преку прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

-Првиот пациент е сместен на клиниката, а сопружниците се се уште дома на домашно лекување и во текот на денот ќе бидат префрлени на инфективната клиника. Вчера утрово имаше уште една пациентка која дошла од Холандија, а денеска се направени сите контакти со патниците, вели Филипче.

Тој додадедека вкупната бројка е 26, 17 се во Скопје, а 9 се во Дебар.

- Епидемијата е во силен ек, секоја епидемија има свој тек, почеток, акселерација, пик врв на кривата и понатаму спласнување намалување на случаите. Очекувано е бројот на заболени во периодот којшто доаѓа да се зголеми. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија. Преземавме мерки се со цел да застанеме на патот на ширењњето на инфекцијата. Останете дома, не се групирајте, не се собирајте, не контактирајте со луѓето, не се задржувајте во маркетите, држете дистанца, одржувајте лична хигиена, често миење на раце 20-30 секунди. Од сите нас зависи максимално сериозно мора да пристапиме, ова не е шега.

Единствениот начин да се однесуваме одговорно. Мерките ќе ги заоструваме доколку се изнуди како потребно. Нека седат дома децата, нека седат дома хроничните пациенти. Засразата се шири кога е здравствениот систем оптеретен. Се надеваме дека сите мерки ќе доведат до тоа да немаме остар пик, значи спремни сме со капацитети, опрема, кадар којшто е спремен да ротира по потреба. Сакаме да ги заштитиме и здравствените работници, во другите земји има и случаи во коишто и тие заболовуваат - кажа Филипче и кажа дека за сите заболени се информира преку прес-конференциите и дека не треба да има шпекулации.

-Не постои некој заразен за кој не сме известиле не сме информирани. Така што и затоа е оваа интензивна комуникација со новинарите. Многу е важно луѓето да се информираат токму од овие пресови, да се знаат вистинските точни информации. Сето друго е шпекулации - кажа Филипче.

 Министерот кажа дека можно е бројот на заболени во Македонија да достигне бројка до 2.000 пациенти, а најмногу заболени да има најмногу за еден месец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега