Филипче: Бројот на заразени во земјава би можело да достигне до 2.000, пикот за 1 месец

Моментално шест лица се тестираат на ковид-19 и нивните резултати се очекуваат попладнево, информираше министерот Венко Филипче на денешната редовна прес конференција. Како што кажа тој, сите се членови на семејството на еден од тројцата позитивни пациенти, тестирани во клиниката „Жан Митрев“.

- Епидемијата е во силен ек, секоја епидемија има свој тек, почеток, акселерација, пик врв на кривата и понатаму спласнување намалување на случаите. Очекувано е бројот на заболени во периодот којшто доаѓа да се зголеми. Затоа е најбитно да се спречи локалната трансмисија. Преземавме мерки се со цел да застанеме на патот на ширењњето на инфекцијата. Останете дома, не се групирајте, не се собирајте, не контактирајте со луѓето, не се задржувајте во маркетите, држете дистанца, одржувајте лична хигиена, често миење на раце 20-30 секунди. Од сите нас зависи максимално сериозно мора да пристапиме, ова не е шега.

Единствениот начин да се однесуваме одговорно. Мерките ќе ги заоструваме доколку се изнуди како потребно. Нека седат дома децата, нека седат дома хроничните пациенти. Засразата се шири кога е здравствениот систем оптеретен. Се надеваме дека сите мерки ќе доведат до тоа да немаме остар пик, значи спремни сме со капацитети, опрема, кадар којшто е спремен да ротира по потреба. Сакаме да ги заштитиме и здравствените работници, во другите земји има и случаи во коишто и тие заболовуваат - кажа Филипче и кажа дека за сите заболени се информира преку прес-конференциите и дека не треба да има шпекулации.

-Не постои некој заразен за кој не сме известиле не сме информирани. Така што и затоа е оваа интензивна комуникација со новинарите. Многу е важно луѓето да се информираат токму од овие пресови, да се знаат вистинските точни информации. Сето друго е шпекулации - кажа Филипче.

Тој посочи дека во земјава би можело да се очекува зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во земјава, нагласувајќи дека бројот на заболени би можело да достигне до 2.000 лица. Како што рече тој, пикот би можело да се очекува за околу еден месец.

 

Секоја епидемија има почеток експанзија и крај, рече тој и ги повтори апелите за придржување кон препораките од Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега