Филипче: Нема оправдување за никој кој нема да ги почитува мерките на Владата

Од утре во болницата во Дебар ќе престојуваат и двајца доктори од клиниката за пулмологија за да го надополнат капацитетот и да помогнат на останатите здравствени работници, рече министерот за здравство, Венко Филипче откако претходно ги потврди петте нови позитивни случаи со коронавирус.

Четворица од петте ново дијагностицирани се здравствени работници кои работеле во болницата во Дебар, а останатиот е сопруг на денеска потврдениот случај.

Вели дека властите се целосно свесни оти здравствените работници се најекспонирани и за време на работата и надвор од здравствените установи. Затоа, рече Филипче, мора да направиме сѐ за да ги заштитиме поради тоа што во овие услови мора да обезбедиме одржлив и стабилен здравствен систем за сите.

-Нема да има оправдување за ниту еден кој нема да се придржува до мерките кои што се донесени како одлуки на Владата. Мора да биде нивото на свест исклучително високо бидејќи од тоа зависи јавното здравје, рече Филипче.

Министерот рече сите најостро да ги почитуваат мерките на Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега