Не се одложуваат вакцините кај новороденчињата и претшколските деца

Здравите бебиња и претшколскитешколските деца ќе се вакцинираат според календарот за имунизација, информира министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција.

Филипче рече дека според мислењето на Комитетот за имунизација нема пречки да се следи календарот за имунизација на здравите бебиња и деца во претшколска возраст.

-Не се одложуваат вакцините кај новороденчињата и претшколските деца. Кај школските деца вакцините можат да се одложат и до 2 месеци, рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега