Пендаровски: Можна е рецесија

Полека влегуваме и во сериозна економска криза. Може да влеземе во рецесија. Според некои информации штетите само во угостителскиот сектор до крајот на месецов ќе бидат 70 милиони евра, истакна претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување во ТВ Телма.

Според него, ако состојбата продолжи уште еден месец вкупната штета може да дојде и до 700 милиони евра.

-Таа резерва од 500 или 700 милиони евра нашиот буџет ја нема. Тие пари ќе мора да се позајмат. Маф ни е работата. Луѓе, заборавете на партиите, дајте да видиме што може да направиме да ја надминеме оваа криза. Стопанството веќе сега е на колена. Мораме да направиме државна стратегија. Власта и опозицијата да ги остават на страна тие препукувања и да седнат да дефинираат државна стратегија. Не може политички да се профитира од оваа ситуација. Сите подеднакво сме засегнати од ова, рече Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега