Столтенберг: Северна Македонија, добредојде во НАТО

Сенатот на Шпанија вчера на пленарна седница го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, по што и шпанскиот крал Фелипе Шести го потпиша документот. Властите во Мадрид најавија дека најдоцна за 72 часа ќе го депонираат Протоколот во Стејт департментот во Вашингтон, со што конечно ќе завршат сите правни процедури пред нашето депонирање на веќе ратификуваниот документ од страна на Собранието и подгигнување на државното знаме пред седиштето на Алијансата во Брисел.

По ратификацијата на пристапниот Протокол од страна на шпанскиот Сенат, се огласи генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој го честита членството на Северна Македонија во Акијансата.

– Шпанскиот Сенат го ратификуваше пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО. Со тоа сите сојузници и посакаа добредојде на идната 30-та земја членка. Честитки, Северна Македонија, објави на својот Твитер профил Столтенберг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега