Самитот на ЕУ на кој се се одлучува за почеток на преговорите ќе биде видео конференција

 

Шефовите на држави и влади за прв пат немаат да отпатуваат во Брисел за редовен Европски Совет, соопштија претседателот Шарл Мишел.

Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, одлучено е самитот на 26 и 27 март да се одржи виртуелно, во вид на видеоконференција поради кризата со коронавирусот.

Откако се засили пандемијата на европскиот континент повеќето министерски средби во ЕУ се одржаа преку видео конференција исто така.

Освен здравствената криза и буџетските прашања, една од главните теми на овој самит ќе биде отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија. Последните нацрт-заклучоци на амбасадорско ниво укажуваат на тоа дека и двете земји ќе добијат зелено светло.

Согласност даде и Холандија неодамна за Албанија, со што се деблокира прашањето на европско ниво. Но, се очекува Северна Македонија да добие меѓувладина конференција пред Албанија, со што де факто би се нагласила разликата во подготвеноста на двете земји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега