Претседателот Пендаровски најверојатно ќе прогласи вонредна состојба

Претседателот на државата, Стево Пендаровски за неколку часа се очекува да прогласи вонредна состојба, дознава „А1он“.

Според информации на порталот денеска во 16 часот попладне, преку обраќање на МРТВ кое веќе е закажано Пендаровски за воредната состојба јавно ќе соопшти со цел информирање на сите граѓани на нашата држава.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски не потврдуваат, ниту демантираат дека ќе биде прогласена вонредна состојба.

Вонредната состојба е последица на состојбата со коронавирусот, како и зголемувањето на бројот на заболени. Според Уставот, оваа состојба може да трае најмногу 30 дена.

Пендаровски досега велеше дека негова лична оценка е дека вонредна состојба не треба да биде воведена.

Вонредна состојба во услови кога е распуштен парламентот прогласува преседателот на државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега