МЗ: Четири нови случаи со коронавирусот- бројката на заболени во Македонија се искачи на 35

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35.Уште четири Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје.

Состојбата на сите пациенти е стабилна.

Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.

Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.

Повеќе информации на прес-конференцијата на Министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче закажана за 15:00 часот во Влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега