Охриѓанец иако знаел дека е заразен со коронавирус викнал дома монтери да му местат кабелска

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(44) од Скопје.

По медицинскиот наод дека е позитивен, тој, непочитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23.03.2020 година, бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега