За време на полицискиот час пеш се движел низ Дебар

Основното јавно обвинителство Дебар, поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице  за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од Јавното обвинителство.

Обвинетиот на 30 март, како што информираат од Јавното обвинителство, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на полицискиот час пеш се движел низ Дебар.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог со кој побара на лицето да му биде определена парична казна од 10 до 100 дневни глоби. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега