Тешка несреќа во Гевгелиуја: Возило се преврте на коловозот

 

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над возилото со кое управувал и се превртел.

-Вчера во 20:15 часот на регионален пат 1102, од село Смоквица кон село Прдејци, општина Гевгелија, во близина на мостот на река Зујца К.К.(51) од Скопје, управувајќи патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, по што тоа се превртело на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Гевгелија - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега