Маж на Фејсбук објави повик за палење на хотелите кои се пренаменети во карантини во Македонија - полицијата работи на случајот

Откако минатата недела, преку страници на социјалните мрежи се ширеше страв дека граѓаните кои стигнаа во државата со хуманитарни летови во државниот карантин во Битола, ќе ги заразат битолчани со коронавирус, поединци, споделувајќи ја објавата, побараа куршум во чело за оние кои ќе се обидат да ги напуштат хотелите. Повикот за линч е пријавен во полицијата од страна на дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска, пренесува „А1он“.

„Ајде браќа и сестри, сложно, запалете ги сите хотели во Македонија каде се сместени ѓаволите. А ако случајно некој сака да излезе, пречекајте го со куршум во чело. Ова е последна шанса да ја зачувате Македонија“, пишува во објавата на „Фејсбук“ со споделена фотографија од автобуси кои се упатуваат кон државните карантини.

Петровска вели дека нема да толерира повик за линч и насилство, без оглед кон кого е насочен.

„На социјалната мрежа ‘Фејсбук’ беше споделуванa објава од лице кое повикува на насилство кон нашите сограѓани кои се наоѓаат во хотелите кои се наменети за државен карантин. Случајот го пријавив и се постапува. Повикот за линч, насилство и говор на омраза не смее и нема да биде толериран, без оглед кон кого е насочен“, напиша вчера дополнителната заменик-министерка, Петровска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега