Постапка за прекршување на полицискиот час во Охрид​

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според  член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот се товари дека вечерта на 26 спроти 27 март, за време на полицискиот час, се движел низ Охрид и со тоа не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република  Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.

Охридското обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи парична казна за обвинетиот во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега