Полициска потера во тетовско - оштетени автомобили и еден приведен

Полициска потера во полошкиот регион, синоќа околу 22:00 часот, резултирала со неколку оштетени автомобили и едно приведено лице, дознава Алсат-М.

Како што дознава Алсат, драмата започнала кога полициска патрола од  пунктот кај с. Топлица, гостиварско, се обидела да запре автомобил „фолксваген пајтон“, со германски регистарски ознаки. На дадениот знак, возачот наместо да го запре возилото продолжил да се движи кон Гостивар, а полицијата тргнала по него.

Набрзо „фолксвагенот“ бил забележан паркиран на полски пат кај с.Врапчиште со изграснат мотор и светла. При обид на полицајците да превземат службени дејствија возачот го стартувал моторот и возејќи наназад повредил еден од полицајците во пределот на левата нога и се дал во бекство по автопат Гостивар-Тетово.

На наплатната рампа кај Тетово, била поставена полициска контрола која повторно му дала знак на возачот да го запре возилото. Тој не  сопрел и продолжил по автпатот кон Скопје, а го следеле два полициски автомобила. Бегалецот потоа поминал на поставен пункт во с. Желино каде повторно не запрел на даден знак и се исклучил на региноналниот пат за с.Сириќино, каде е застигнат од страна полицијата и од патрола на ЕБР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега