Деветнаесет лица од Гевгелија не го почитувале полицискиот час - билте затекнати на различни локации во градот

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе уште 14 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 19 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во и околу Гевгелија без да поседуваат дозвола за движење.

За секој од обвинети лица, јавните обвинители му предложија на судот да изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега