Еден малолетник го прекршил полицискиот час, затворени два угостителски објекти во гостиварско

 Изминатото деноноќие во гостиварско, едно малолетно лице ја прекршило одлуката за ограничено движење и е лишено од слобода. Полицијата го задржала за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.

Од СВР Тетово информираат дека вкупниот број на лица, спроведени во државен карантин во гостиварско е 200, а бројот на лица со потпишани изјави за самоизолација e 30.

Покрај ова, реaлизирани се 31 контрола на лица со решенија за изолација, издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Во содејство и координација со Државен пазарен инспекторат, во Гостивар и гостиварското село Врапчиште вчера биле откриени два угостителски објекта (кафетерија и чајџилница) кои биле отворени и работеле. Двата објекта се затворени, а против нивните сопственици, кои биле лишени од слобода, ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега