Петровска: Одредена е мерка притвор за двајцата насилници од Штип

 Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип донесе одлука за осумдневен притвор за двајцата штипјани, на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда.

Оваа информација на Фејсбук ја потврди и заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.

-Одредена е мерка притвор за двајцата насилници од кои вчера целата македонска јавност беше згрозена. Санкции мора да има, напиша Петровска.

Инаку, осомничените заедно пред два месеци извршиле грубо насилство врз девојка од Штип, а ОЈО Штип поднесе предлог за определување притвор на двете лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега