Послужувале гости во угостителски објект – двајца гостиварци добија казни

Четири лица се обвинети дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Гостивар му предложи на судот обвинетите да ги казни во висина од по 10 дневни глоби.

-Двајца од обвинетите во одделни кривично правни настани, на 2 април послужувале гости седнати на маси во внатрешноста на нивните угостителски објекти. Со тоа, обвинетите со умисла не постапиле според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Останатите обвинети, во одвоени кривично-правни настани  не постапиле според прописите и наредбите, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, велат од ОЈО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега