Обид за убиство во Скопје: Полицајци нападнати со нож додека приведувале лице

 

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава за кривични дела „убиство во обид“ по чл.123 вв чл. 19 од КЗ на РСМ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ по чл. 383 од КЗ на РСМ против 35-годишниотА. С. (35) од село Горно Коњари-скопско.

Министерството за внатрешни работи информира дека на 03.04.2020 во 13:00 часот било пријавено дека во село Горно Коњари-скопско по претходна расправија помеѓу А.С.(35) од село Горно Коњари и О.А.(48) од село Долно Коњари, А.С. со нож му нанел убодна рана на О.А. во пределот на стомакот. О.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. По пријавување на настанот од полициски службеници излезено било на местото на настанот и при приведување на А.С. од неговиот дом, тој со нож ги нападнал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2020 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега