Акција на полицијата во Чаир - запленети автомобили и мотори, приведени две лица

 

Вчера полициски службеници од СВР Скопје, по претходна судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории кај 29-годишниот Б.З. од Скопје, на подрачјето на Чаир. Како што информира МВР при претресот во непосредна близина на куќата пронајдени биле патничко моторно возило џип „мерцедес мл“ без регистарски ознаки, патничко моторно возило „фиат пунто“ со косовски национални ознаки, патничко моторно возило „мерцедес е270“ со скопски регистарски ознаки, мотор „сф мото р 250“ и скутер „априлија“ и двата без регистарски ознаки. Во близина на возилата во ќесе биле пронајдени осум црни маски. За сите предмети постои сомнение дека потекнуваат  од кривични дела и биле предадени на ЕВР Чаир за понатамошно постапување. Б.З. е во домашен притвор, а лишен од слобода били 27-годишниот А.Б. од Скопје, кој бил затекнат со него.    

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2020 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега