Забраната за движење не ја почитувале 164 лица, а едно лице мерките за самоизолација

Во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава евидентирани се 164 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што 122 се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР.

Во текот на изминатото деноноќие, посочуваат од МВР, на 264 лица во земјава им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не се придржувало на мерките за самоизолација, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега