Познат идентитетот на двајцата скопјани кои користеле лажни флешери за да избегнат полициска контрола (ВИДЕО)

МВР соопшти детали за двајцата скопјани кои користеле лажни флешери за да избегнат полициска контрола.

-Вчера во 21 часот на ул.“Душко Поповиќ“ во населбата Бутел полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Љ.(34) и М.Љ.(45) двајцата од Скопје, кои со возило „шкода“ се движеле и покрај воведената забрана за движење од Владата на РСМ, а употребиле и недозволени средства т.н. флешери, кога полициските службеници им дале наредба за запирање, велат од МВР.

Двајцата биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Епидемија на лажни флешери во време на пандемија

Posted by Maxim.mk on Sunday, 5 April 2020

05.04.2020 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега