Краделе старо железо од хотел и го нападнале домарот

Две непознати лица вчера краделе старо железо од хотел во Струга, а кога домарот ги забележал го нападнале со метален предмет.

Вчера во 14,00 часот во Полициската станица Струга Е.П.(43) од Куманово пријавил дека околу 12,30 часот додека бил во хотел во Струга, каде бил вработен како домар, забележал две непознати лица како земале старо железо кое се наоѓало покрај хотелот. Потоа едно од лицата  го нападнало со метален предмет, велат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега