Автомобил излетал од патот кај Битола- жена тешко повредена

 

Во текот на вчерашниот ден жена била пренесена во болница во Битола, откако претходно изгубила контрола над автомобилот и излетала од патот.

„Вчера во 14.25 часот било пријавено дека на патот Битола – Ресен, пред Ротинска крстосница, А.З.(29) од Битола која управувала патничко возило „сеат ибица“, со битолски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот.

Во незгодата А.З. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош“ соопштуваат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Битола. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега