Тешка сообраќајка на патот Битола – Демир Хисар: Три лица пренесени во болница

 

Вчера во 14.48 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, пред крстосницата за с.Лисолај, се случила сообраќајна незгода ладе три лица биле повредени.

Имено сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(43) од Битола и патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(55) од с.Лесково, Демир Хисар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.С. и сопатничката од истото возило К.С.(36) од Демир Хисар, а возачот С.Ј. се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега