Верижен судар во Скопје- едно од возилата е сопственост на МВР

 

Вчера предпладне во Скопје се судриле три возила, автомобил во сопственост на МВР, комбе и патничко возило „Мини“при што едно лице било повредено.

„Вчера во 11.30 часот на ул.„Козле“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Скопје, патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од З.Ѓ. (42) од с. Д. Седларце-тетовско и патничко возило „мини“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.П.(50) од Скопје“ стои во соопштението од МВР.

По незгодата, возачот на патничкото возило „фолксваген“ бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани повреди.

Увид на местото на нeзгодата извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега