Физичка пресметка во Тетово поради сообраќајка

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(53) од с.Голема Речица, тетовско, и Р.Л.(25) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 12.02.2020 во Тетово на ул.„Илинденска“, пред угостителски објект, првопријавениот, кој бил во друштво со Ф.Х.(38) од Тетово, започнал расправија со Р.Т.(44) од Тетово, а второпријавениот физички го нападнал со тврд предмет кој го држел во рака.

Причина за нападот е претходна расправија околу случена сообраќајна незгода помеѓу Р.Т. и Џ.Л.(26) од с.Голема Речица, која била внука на првопријавениот и сопруга на второпријавениот. Потоа, оштетениот од страна на Ф.Х. со возило бил префрлен во Клинички центар Тетово за укажување на лекарска помош. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега