Убиство пред Клинички Центар во Скопје: Син со нож го заклал својот татко

Син го убил својот татко вечерва во близина на Клиничкиот центар. Полициски извори велат дека меѓусебната расправија кулминирала кога синот извадил нож и го заклал татко си. 55 годишниот маж се обидел да побара помош и тргнал кон Клиничкиот центар но веројатно поради обилното крварење не успеал да стигне до докторите.
Неофицијално и таткото и синот живееле во непосредна близина на Клиничкиот центар, а според истите, неофицијални информации тие подолг период имале меѓусебни расправии кои често ескалирале со насилство.
Извори од МВР велат дека убиецот е веќе приведен и се преземаат мерки за утврдување на мотивите.
Од МВР се уште нема официјална потврда за овој случај, но очевидци велат дека делот околу Клиничкиот центар е под засилено полициски обезбедување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 01:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега