МВР со детали за убиството кај Клинички, познат идентитетот на убиениот

 

Министерството за внатрешни работи утрово официјално го потврди убиството кое синоќа се случи во близина на Клиничкиот центар во Скопје, пренесува „Курир“.

Од МВР  информираат дека околу 23.15 часот на ул.„Бигла“ во Скопје, при семејна расправија син со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои истиот починал на местото на настанот.

Синот, Д.А. (24) бил уапсен од страна на полициски служеници.

-Предметот со кој е извршено делото е обезбеден. По документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат за Курир од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега