Кавадарчанец нападнал полицајци кои го запреле на полициски час

Кавадарчанец на возраст од 26 години бил агресивен и физички нападнал полицајци кои го запреле за време на полициски час во саботата навечер, па ќе му биде поднесена соодветна пријава. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Вечерта околу 20.30 часот, тој се движел по улицата „Григор Прличев“ во Кавaдарци, кога бил запрен за легитимирање од страна на полициски службеници, поради непочитување на забраната за движење. Поради агресивноста и физичкиот напад, бил лишен од слобода. Се работи на документирање на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега