Во тетовско село изгоре плевна со добиточна храна и земјоделски апарати

Во пожар во атар на тетовското село Порој, изгорена е плевна со поголема количина добиточна храна и земјоделски апарати. Во пожарот што се случил вчера околу пладне нема повредени лица, информираат од тетовската полиција.

-При пожарот во плевна во месноста „Лозја“, атар на тетовското село Порој, сопственост на 26-годишниот Е.С. од истото село, огнот зафатил и нискостеблеста шума во околината. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран, а увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, соопштија од СВР Тетово. На пожарот интервенирале 5 пожарникари со две возила

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега