ОЈО отвори истрага и побара притвор за синот кој го уби својот татко

Основото јавно обвинителство отвори истрага за вчерашното убиство во Скопје во близина на Клиничкиот центар.

-Осомничениот 24-годишник, на 12 април околу 23 часот, при вршење семејно насилство во семејниот дом, го лишил од живот сопствениот татко. Имено, по вербална расправија поради претходно нарушени семејни односи, осомничениот му се приближил на својот татко и му задал повеќе убодни рани со нож во пределот на раката, главата и вратот. Оштетениот успеал да се оттргне и се упатил кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој бил во непосредна близина на неговото живеалиште, за да му биде укажана лекарска помош. Но поради обилно крварење како последица на повредите, тој починал пред влезот на Клиничкиот центар, велат од ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор​.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега