Градоначалникот на Чешиново-Облешево мета на лажни вести - негов сограѓанин тврдел дека починал од коронавирусот

Во Општина Чешиново Облешево еден вработен е тестиран и е негативен на Ковид-19, а се очекуваат разултати и од останатите вработени кои имале контакт со градоначалникот на општината Горанчо Крстев, кој повеќе од 12 дена е во самоизолација поради тоа што е позитивен на коронавирусот.

Крстев информираше дека се чувствува добро, но и дека има дезинформации низ општината за кои тој реагира и пријавил во полиција. Градоначалникот рече дека слушнал дезинформации дека за него се зборува дека починал и дека се уште полицијата нема превземено никакви активности против лицето, иако, како што рече, има закон за ширење на лажни информации.

Општината, рече Крстев во јавувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма, функционира и редовно се извршуваат сите активности. Информираше дека редовно се собира сметот од страна на Јавното комунално претпријатие дека се издадени потврди за маркети кои треба да доставуваат храна за време на полициски час, а се прскаат и улиците со средства за дезинфекција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега