МВР за синоќешниот инцидент во Ченто: Ќе се преземат мерки против сите што не го почитувале полицискиот час

Синоќа во 22 часот од страна на полициски службеници од полициската станица Гази Баба биле уапсени В.М.(19) од Арачиново, С.Р. (21) од селото Сингелиќ и 33-годишниот В.В. кој живее на улицата Алија Авдовиќ“. Тројцата се приведени поради основано сомнение за непочитување на ограничувањето на движење, велат од МВР за „Слободен печат“.

– Лицата биле уапсени на улицата „Алија Авдовикќ“. По апсењето се собрала поголема група која излегла на улица во знак на протест. По изготвената документација, тројцата уапсени лица се пуштени од полициска станица, а насобраната толпа се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитувале ограничувањето на движење – велат од МВР.

Поголема група граѓани синоќа во скопската населба Ченто се собра на протести откако полицијата за време на полицискиот час уапсила три лица, кои не ја почитувале забраната за движење која важи за сите граѓани на земјава. Според пријавата, приведените играле карти во двор.

На протестот се појави и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски за да ги смири насобраните граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега